Денеска е Светскиот ден на планетата Земја

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Оваа година се одбележува 51 годишнина од настанот, со темата “Да ја обновиме нашата планета”.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Р.Д.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави