Дива депонија во Ѓорче , собрани 3 камиони ѓубре

Само на една локација, во населбата Даме Груев, на улица ,,Лепенец” Комуналните служби подигнaле 3 камиони смет или 10 метри кубни ѓубре.

Градоначалникот на општината, Александар Наумоски апелира до граѓаните да не се фрла отпад и да не се палат огнови на отворено, кои придонесуваат за дополнително загадување на амбиенталниот воздух.

Во Општина Ѓорче Петров деновиве засилен е инспекцискиот надзор, кои согласно Законот за Јавна чистота преземаат соодветни мерки. Комуналните служби паралелно работат и на расчистување на заостанатата сува тревна површина. Примарната цел на општината е да се заштити животната средина и да се надомести изгубеното зеленило.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Мицкоски објави документи за негово физичко следење, го класифицирале дека финансира пара-полициско воена вооружена формација

Физичко следење и лажни извештаи денеска од собраниска говорница објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Тој приложи и…