ДКСК: Ова се табличките на службените возила , ако ги видите на митинг пријавете

Комисијата за спречување на корупцијата, како што најави претходно, на својата веб-страница го објави регистарот на службените возила на државните органи, служби, претпријатија и општини кои не смеат да се злоупотребуваат за време на кампањата за претседателските избори на 21 април, односно 5 мај.

Во базата има податоци за типот на автомобилите, во чија сосптвеност се, кога се произведени и кој број на регистарска табличка ја имаат.

Антикорупционерите немаат надлежност да одат на терен и да истражуваат по митинзи, но затоа секој граѓанин може да пријави неправилности, а пријавата е објавена и на сајтот на Државната комисија за спречување на корупција. Злоупотреби, на пример, со службени возила може да се документираат и со фотографија.

Претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска, вели дека до сега не се отворени предмети поврзани со изборите, но оти сите информации стигаат до нив.

Total
0
Shares
Поврзани објави