Државата ќе плати 100 евра дневно по пациент за лекување од корона во поранешна „Систина“

Ако навремено се завршат правните работи се очекува новиот кавид центар сместен во хотел „Ибис Стајлс“, првите пациенти ќе да бидат примени од почетокот на идната недела.

Капацитетот на објектот e 100 болнички легла. Дел од опремата и кадарот ќе бидат покриени од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ согласно договорите со Фондот за здравствено осигурување.

Пациентите кои ќе се третираат во објектот ќе добијат услуги на исто ниво како што добиваат и пациентите во овие две приватни здравствени установи.

Секоја болничка соба ќе биде опремена со максимум два болнички кревети, клима уред, безжична интернет конекција, телевизор и посебна бања, потенцираат од болницата.

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми.

Имено, приватните болници освен што медицински ќе го опремат просторот ќе обезбедат и заштитен материјал, основни медикаменти, плати за лекарите и медицинскиот персонал кој ќе работи таму, лабораториски анализи на дневно ниво, како и немедицински потрошен материјал (струја, вода, чаршави, крпи и храна за пациентите), а ќе треба да се набават и дополнителни рендген и ехо апарати. Првичната инвестиција изнесува околу 600.000 евра.

Во овој ковид-центар ќе работат пет доктори, 30 медицински сестри, осум болничари и друг медицински персонал, осум лица за обезбедување, шест лица администрација и 12 лица болнички персонал.

Најмногу кадар ќе обезбедат „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ зависно од тоа колку средства добиваат согласно договорите склучени со Фондот за здравствено осигурување, а двајца доктори ќе назначи Министерството за здравство, додаваат од болницата

Total
0
Shares
Поврзани објави