Почна приемот на пациенти во модуларната болница

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ, открива дека почнало да се примат првите пациенти во модуларната болница што се наоѓа во непосредна близина на клиниката.

Стевановиќ тврди дека има систем на обезбедување медицински персонал, како среден медицински персонал така и лекарски и специјалистички.

„Во моментот на помош се дојдени колеги од интернистичките гранки, и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега“, вели Стевановиќ.

Во модуларната болница има 70 кревети и таа е целосно опремена за третман на пациентите со Ковид-19.

– Модуларната болница е целосно опремена. Има централен довод на кислород до секое легло и сето она што ни е потребно од опрема и што функционира на клиниката го има и во модуларната болница – потенцира таа.

Според неа, здравствените работници мора да ја издржат оваа битка заради самите себе, и заради нивните семејства, но во тоа мора да помогнат и граѓаните.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави