Амди Бајрам правел свдба за внуката со 600 гости на брод на Босфор

Поранешниот пратеник Амди Бајрам организирал раскошна свадба за внуката Перјан во Истанбул откако не успеа тоа да го направи во Скопје поради забраната за организирање семејни веселби, известуваат медиумите.

„Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје, иако веќе долго време чекаме“, изјавил за Фокус, Бајрам.

Тој вели дека на свадбата дошле 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција.

„Имам доста турски политичари овде, од кај претседателот Ердоган, од политичкиот врв, од кај нас политичари нема на забавата“, се пофалил Бајрам.

Вели дека имало убава забава на брод на Босфор со прекрасна атмосферата.

„Се организиравме за кратко време со помош на пријателите на Ердоган. Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан“, ветува Бајрам.

Total
0
Shares
Поврзани објави