Филипче најави отварање на нови Ковид-центри

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека ја разгледува можноста за отварање на нови ковид центри – дополнителни капацитети на сите клиники.

„Ова е заклучокот од денешниот состанок со директорите на скопските клиники. Деновиве работиме на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво, нос и грло, како и на Клиниката за очни болести кои до крајот на неделава се планира да почнат да примаат пациенти“, напиша на Фејсбук министерот Филипче.

Според епидемиолошката слика, тој очекува во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни.

„Но, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио“, предупредува Филипче.

Во врска со случајот на починатата 41 годишната штипјанка, Филипче вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор, по што јавноста ќе биде навремено информирана.

Total
0
Shares
Поврзани објави