Високата смртност од ковид-19 е и поради грешките во лекувањето

Смртноста во Македонија е загрижувачка и се прават многу грешки во лекувањата на пациенти заболени од Ковид-19, тврди инфектологот Вело Марковски.

Марковски вели дека смртноста во Македонија од 333 случаи на милион жители е многу висока, а во регионот е застрашувачки многу висока. Грција има 33 случаи по милион жители што од нас е десет пати помалку, Албанија, Бугарија, се над 100-110, Србија е со 80 случаи. Само осум држави во Европа на милион жители имаат повисока смртност од Македонија и од 215 држави во светот само 18.

– Од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, пациентите мора да се лекуваат доктринарно изјавил за ТВ Сител Марковски.

Според него, досега требаше да се направи скрининг кај децата што според него ќе не чини многу во наредниот период.

– Ние не направивме скрининзи кај децата и тоа многу ќе не чини во следниот период, дали тие имаат антитела, дали случајно прележале корона вирус. Ако децата не се разболуваат тие не можат ни да го пренесат вирусот – вели Марковски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави