Затворската казна од 2 години за експремиерот Никола Груевски ја потврди Апелациониот суд Скопје. Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од шест и пол н ачетири години и шест месеци затвро.
„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.
Во 2011, МВР донело одлука за купување блиндирано возило најмногу до 243.000 евра, поради осиромашениот буџет на министерството, но под влијание на тогашниот премиер Никола Груевски со барања за луксуз, Гордана Јанкулоска како министер потпишала одлука за набавка на ново возило од речиси 600 илјади евра.
Поврзани објави
Во Кривичен суд сомнителниот случај е негативен на Ковид -19
Соопштение на Кривичен суд по повод објавата дека во судот има заразен со Ковод-19 ја пренесуваме во целост:…
Јанева барала пари од заеднички фонд на обвинителите во СЈО за нејзина одбрана
Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“.. Според информации на Сител, поранешната специјална обвинителка во писмото…
АПЕЛАЦИЈА НЕ ДОБИ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Судскиот совет денеска не избра претседател на Апелациониот суд. Поради истек на една година од оценувањето на кандидатите…
Македонски државјанин осомничен за учество во паравојската на ИСИС
Во рамките на истражната постапка во врска со предметот каде седум лица се осомничени дека како странски терористички…