Џафери го штити Вељаноски, не можел да ја сопре албанската химна

Спикерот на Собрание, Талат Џафери денеска сведочеше во прилог на Тројка Вељаноски за настанаите од 27 април. Џафери тврди дека Вељаноски немал копче за да го исклучи микрофонот на Зекирија Ибраими кога ја пеел албанската химна.

Спротивно на Џафери, обвинителството тврди дека Вељаноски можел да побара од собраниските служби да го исклучат микрофонот на Ибрахими. Такво тврдење изнел еден од сведоците, вработен во собраниската служба.

Според обвинителството, улогата на Вељаноски била да го оневозможи избор на претседател на Собрание од новото парламентарно мнозинство.

Следни сведоци повикани од обвинетите се Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави