Џафери: Полицијата спречува изградба на водовод, а толерира кражба на дрва на Шара

Граѓанскиот активист од Здружение Еко герила од Тетово, Арианит Џафери, ја осудува употребата на полициска сила против изградбата на водовод во селото Сеничани од страна на општината Боговиње. Џафери ја повикува полицијата да ја користи Единицата за брзо распоредување за да спречи сеча на шумата на Шар планина, да спречи фрлање ѓубре на Попова шапка или да воспостави ред по градовите каде жестоките момци го узурпираат јавниот простор.

„Да спречиш изградба на водовод за жителите и даночните обврзници на соопствената земја употребивајќи ја полицијата на државата, е во спротивност на секоја логика. Општината Боговиње треба да поднесе тужба против Министерството за внатрешни работи и треба да го алармира меѓународниот фактор за овој напад што се прави со полициски сили, како во времето на Милошевиќ“, пишува Џафери. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Обвинение за обид за убиство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за…