Џафери тврди дека Уставот не дозволува онлајн седници на Собранието

Спикерот Талат Џафери вели дека Собранието не може да се прифати препораката на владата за онлајн работа затоа што тоа е во спротивност со Уставот, кој предвидува седниците да се одржуваат во собраниската зграда.

Џафери вели дека во сегашни услови е неопходно да се размисли за разервни варијанти како ќе работат пратениците во вонредни услови.

Тој смета дека пратениците, субјектите, политичките партии имаат право да предлагат разни идеи околу работата на Собранието.

„Јас опстојувам на фактот дека ако не сега, во идно време ќе мора да имаме алтернативни решенија за алтернативна работа во алтернативни услови. За нормални услови кој нормален човек би побарал да си работи од дома? Но ситуацијата наметнува да размислуваме и за тоа“, тврди Џафери во интервју за Радиото Слободна Европа.

Во Собрание треба да се усвојат битни закони, а пратениците од владеачкото мнозиство не можеа да присуствуваат на седницата затоа што беа заразени од корона ворусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави