Една и пол година затвор за градоначалникот на Ново Село фатен при шверц на цигари

Градоначалникот на Ново село Боро Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била вклучена во криумчарењето доби условна казна. Неговиот син, Виктор Стојчев 1 година, а исто толку доби и неговиот внук Горан Стојанов, додека неговиот пријател Митко Тодошевски доби 10 месеци. Сите се осудени за обид за криумчарење цигари за случај пред неколку недели кога градоначалникот беше фатен со големи количини цигари. Бегајчи од полицијата беше употребено и огнено оружје.
Иако беа фатени од полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети.
По изрекувањето на казната тој е пуштен од притвор.
Стојчев веќе има и други пресуди и тоа во 2015 година 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.

фото: Курир.мк

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави