Денеска во кривичниот суд се одржа колегиум на кој присустваа повеќето судии од најголемиот суд во државата односно околу 50 тина. Ним претседателот на судот Иван Џолев им го соопштил новиот распоред според кој многумина од прекршоци се враќаат во “заграда” како што велат судиите, а дел кои беа актуелни последниве неколку месеци одат во бараките во парк.
Колегиумот поминал мирно што и се очекуваше со оглед дека последниов период колегите кои биле во контакт со претседателот на судот тивко го искажале својот став дека каде и да се распоредени нема да поднесат приговори.
Така и на колегиумот од 50 тината судии само еден се побунил и му рекол на претседателот :”Зошто ме менувате кога 15 години сум кривичар”, на што му било одговорено дека на досегашното место слабо решавал предмети.
На седницата не присуствувал поранешниот претседател Владимир Панчевски, кој е во одделот за прекршоци и до сега имаше многу недоразбирања и јавни препирки со новиот претседател.
Related Posts
Ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев, доби ослободителна пресуда во предметот за несовесно работење во службата
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Нино Васев, и двајца доктори Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
Продолжен притворот на Орце Камчев
Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена.…
Закани за Боки 13 – Кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме
Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми…
Монако ги замрзна парите поврзани со истрага за тендер за центрите за дијализа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако…