Филипче: Нема договар со приватните лабаратории за цените на ковид тестовите

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Министерството нема можност да влијае врз приватните оператори, но вети дека ќе бара правен механизам да се реши проблемот.

„Не можеме да се договараме  за унифицирани цени за тестовите во приватните лаборатории. Можеме да влијаеме на цените кои ги одредува Фондот, после тоа и инициравме една активност во договор со правниците од МЗ дали може да влијаеме на цените на приватен оператор и уште се работи на тоа“, вели Филипче.

Тој се слага дека треба да се ангажираме за да види дали може да се најде соодветен правен механизам, иако тоа не било директно нивна ингереција.

Граѓанитге реагираат дека тестовите во некои приватни лаборатории чинат неколкукратно повеќе отколку во државните лаборатории.

Total
0
Shares
Related Posts