Филипче се закани со карантин ако не се почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче се закани дека ако мерките против ширењето на корона вирусот не се почитуваат, ќе препорача рестрикција во движењето.

„Прво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, но и рестрикција во движењето“, рече Филишпче.

Тој вели дека постепено се отворени училиштата поучени од лошите искуствата на други земји.

„Поради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи предложивме до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот“, додаде Филипче.

Според него, резултати се очекува да дадат и зголемените ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен.

Од вчерашните 778 тестирања, откриени вкупно 177 нови заразени со корона вирусот. Скоро секој четврти кој бил тестиран за ковид-19 во Македонија е позтивен.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави