Аватар во Струмица стана кафуле за да продолжат журките

Струмичкиот локал Аватар кој Пазарната инспекција го затвори на 21 јули годинава, повторно е отворен и во објектот на големо се прават журки. На фејсбук се споделуваат видеа од забавите кои се организираат таму. 

Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, вели дека во периодот додека „Аватар“ бил затворен, некој го поучил дека ниту до крајот на годината нема да добие дозвола за работа како ноќен клуб, заради што се пререгистрирал.

-Сега „Аватар“ работи како кафуле. Ги преместил шанковите, масите, преуредил за да може така да функционира. Во петокот имаше инспектори кои таму беа до 1.10 по полноќ, по што уредно затворил и сето тоа е документирано. Но, во саботата кога нашите инспектори беа испратени во Радовиш и во Гевгелија, од каде што добивме дојави дека ќе има забави, најверојатно некој му пренел дека нема да има инспекција кај него. Тогаш всушност се случува журката и тогаш се направени видеата на кој се гледа целосно непочитување на протоколите. За ова „Аватар“ доби кривична пријава од МВР, вели Пауновски.

Total
0
Shares
Поврзани објави