ФОТО: Бекам отвора хотел во Кина, шеф на кујна Гордон Рамзи

Некогашниот англиски фудбалер Дејвид Бекам соопшти дека ќе отвори хотелски комплекс, во автономната област Макао во Кина позната како „Источниот Лас Вегас”.

Комплексот на своето мени ќе има понуди од британската кујна, за што задолжен пријателот на Бекам, шеф Гордон Рамзи. На средината ќе има и мала реплика на „Биг Бен“, а надворешноста на хотелот е инспирирана од Вестминстерската палата и Долниот дом на парламентот.

– Лондон е мојот роден град, така што би сакал да пренесам некои нешта што ги сакам оттаму во Макао – тоа чувство за енергија, хуморот, односот кон храната, мебелот и уметнички дела. Тоа чувство е прекрасно, објави на Фејсбук некогашната фудбалска ѕвезда.

Бекам хотелот ќе го отвори следната година. Комплексот ќе има и бутик на два ката, како и трговски центар со 200 продавници за британски брендови.

Total
0
Shares
Поврзани објави