Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“. Никола Груевски е првиот обвинет со кого и почнува работата на судот во новата зграда. Токму Груевски како Премиер ја фрли првата лопата бетон во темелите на зградата.
Обвинети се поранешни функционери, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.