ФОТО : Коњ падна од изнемоштеност на семафорот кај Мавровка

Денеска повторно коњ се сруши на сред улица и тоа во Скопје на една од најфреквентните раскрсници кај Мавровка. Соспвеникот се обиде да го дигне но коњот не се мрдна од место. Очигледно беше изнемоштен и изгладнет.

Веке неколку пати се случува во Скопје коњи на кои се закачени запрежни возила во најголемите гужви да се движат по скопските улици а луѓето кои ги тераат да растураат контејнери и на нив да возат отпадоци. Иако полицијата се обидува да ги отстрани тие повторно се на улица и се сериозна опасност за останатите учесници во сообраќајот.

Од невладините организции не знаат пак како да се справат со проблемот со животните односно коњите кои паѓаат по улици од прегладнестот, жедни и истоштени, па некои и од старост умираат.

Total
0
Shares
Поврзани објави