(Фото) Лиде Лиде конечно се запозна со министерот Филипче

Жената која на социјалните мрежи е позната како Лиде Лиде, конечно се запозна со министерот за здравство Венко Филипче.

Таа стана популарна по бројните јавни покани за кафе до Филипче, откако почна пандемијата со Ковид-19.

Селфито на кое е со маска на која пишува „Лиде Венко“ заврши на нејзиниот Фејсбук, а за порталот ММС таа раскажа како дошло до средбата.

Другарка и дојавила дека во едно кафуле Филипче пие кафе со министерката за образование и наука, Мила Царовска, по што Лиде се одлучила конечно да ја оствари својата желба да се запознае со министерот.

Со голема трема му пришла на министерот и го прашала за селфи, тој се согласил, а Лиде раскажува дека рацете и се треселе од возбуда, па на крај морала да ги слика нејзината другарка.

Фото: Фејсбук/Лиде Лиде

Total
0
Shares
Поврзани објави