ФОТО: Малиот Дарио по тепањето од дадилката – мајката благодарна за откривањето на насилството

Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот, вака изгледа 2 годишното детенце кое беше тепано од дадилка. Фотографијата ја објави роднина на детенцето и повика секој што бил сведок на малтретирањето да ги контактира.

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

По пријава МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.

Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука.

Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на близначињата.

Случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.

izvor: Sitel.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ВИДЕО: Македонските танчери со Даунов синдром прославуваат злато на Светското првенство во хип-хоп

https://www.facebook.com/zane.matovska/videos/961270894078300/ Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“ го освоија светот. Тие на Светското првенство во…
Повеќе

ЕКСКЛУЗИВНО СВЕДОШТВО : Адвокат изгуби пари по вина на обвинителството и недоречености во правилата за бришење фирми на Централниот регистар

Адвокатот Владимир Кацарски за dosie.com.mk раскажа како поради неодговорност односно непостапување на Јавното обвинителство не успеал да наплати…