ФОТО: Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки, за деца од социјален ризик

Пред неколку дена во Скопје за прв пат се отвори бесплатно училите за деца кои сакаат да учат музика , уметности и вештини. Поректот е пред се наменет за деца од социјален ризик. Прочитајте ги деталите и информациите од основачите на ова училиште.

Драги деца и родители, еве ги правилата за упис во првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки,, , проект на нашето здружение ,,Проект Среќа,,.
– Може да конкурираат деца кои се наши регистрирани членови, а се во било која од категориите ,,социјален ризик,,.
– ако не сте регистрирани,а спаѓате во таа категорија, можете да се регистрирате.
-предност имаат деца кои се во најтешка категорија социјален ризик ( прво се примаат оние кои се во најтешка материјална ситуација, а потоа останатите).
-децата да се на возраст од 6 до 14 години
– Може да конкурираат за часови Гитара и Клавир.
– со часови по ликовни уметности, пеење и вештини ќе почнеме од јануари.
-Часовите ќе се одржуваат во нашите простории, во Скопје, Центар, позади универзална сала.
-Кога групите ќе се пополнат, ги затвараме уписите!


Го отвараме првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки,, во Република Северна Македонија!
Многу сме среќни и горди, бидејќи ова е проект на кој лично работев две години, и е мој детски сон! Секое дете кое сака да учи да свири инстумент, да слика, или да научи фотографија, театар, рачни изработки и уште многу нешта, ќе може да се пријави и да доаѓа бесплатно на часови. Секое дете има право на пристап до образование, едукација и уметности! Уметностите не се и не смеат да бидат пристапни само за добро ситуираните лица. Секогаш сум се борела и ќе се борам, да создадеме заедно услови за секое дете да биде информирано, едуцирано и најважно од се, Среќно!
Добредојдовте драги деца! Проект Среќа работи за вас и со вас секој ден!
Училиштето се наоѓа во нашите нови простории, во центарот на Скопје, а пријавувањето е во порака на фб или на телефон 078/405-264 Благица Ристов

Од срце,
Кристина Арнаудова
претседател за здружението ,,Проект Среќа,,

Total
0
Shares
Поврзани објави