За време на викендот времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Утре врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекува во вторник.
ФОТО: Зимска идила Пелистер , Маврово , Крушево , Шапка

