Постапувајќи по кривичната пријава од МВР-НК КР Делчево, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” од чл. 188 ст. 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на возраст од 46 години, на ден 16.03.2018 г. околу 20,00 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.
Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Кочани поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Воедно надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности што укажуваат дека осомничениот со влијание врз сведоците и вештаците ќе ја попречува кривичната постапка. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение за определување на мерката притвор во траење од 30 дена.
#Извор Јавно обвинителство
Поврзани објави
Мистеријата: Каде е Ким Џонг Ун ?!
Шпекулациите за ситуацијата со Ким Џонг Ун продолжуваат и по извештајот од операцијата на срцето и отсуството од…
Владата нема одговор дали ќе ги сруши сите дивоградби
Владата нема конкретен одговор дали ќе ги сруши сите дивоградби, како што тоа го стори со зградата кај…
Костовски: Ме исцедија и ме фрлија на буниште!
Сопственикот на ,,Еуростандард Банка“, Трифун Костовски, во текст за порталот Инбокс7, се осврнува на последните случувања и пропаста на…
Едногласно – Катица Јанева заминува во историјата- Собранието ќе ја разрешува
По одржаната седницата која заврши завчера и на која беа презентирани детали од вмешаноста на специјалната јавна обвинителка,…