Горат турските гробишта во Битола, огнот блиску до куќите

Вечерва горат старите турските гробишта во Битола, објави пред малку Апла.мк Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението. Се соменваат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево. Фотогрфијата ни ја испратија жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат па се видат дури и преку покривите на околните куќи. Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација.

извор: Apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ИСЧЕЗНАТ !

Исчезнато е  Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека…