Грабежот во Сарај извршен со автоматско оружје украдени над 100 илјади евра

Украдени се околу 115 илјади евра од експозитурата на НЛБ Банка во Сарај. Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје. Упаднале во црна облека и фантомки , а побегнале со џип хундаи сантафе. Заминале кон Сарај и од таму им се губи трагата.

Од НЛБ информираа дека во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.

„Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи“, соопштија од банката.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули, во среда.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Антикриорупциска комисија: Министерот Филипче може да го смени од функција директорот на Центарот за јавно здравје Зибери

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува“, вели министерот Филипче во одговор на обвинувањата од директорот Зибери