Херој на денот, пекара во Охрид дава бесплатен леб за сиромашните

Херој на денот е сопственикот на пекарата Лихнида во Охрид, кој за време на тешка криза со пандемијата со коронаворусот, реши да додели леб и пецива за сиромашните граѓани што не можат да го дозволат тоа.

Тој на влезната врата на пекарата залепил плакат во кој пишува дека кој има потреба од помош даваме пецива или леб без пари!  

Ваквиот несокјдневен хуман гест на пекарницата веднаш беше забележано од охриѓани, кои со воодушевување пишуваат на социјалните мрежи.

Така на фејсбук страната „Охриѓани“ беше објавена фотографија на која јасно се гледа натписот поставен на локалната пекара, која нуди помош на оние на кои им е потребна во овие тешки времиња.

„Зато ние охриѓани сме најубави. Во овие трешки времиња имат луѓе со срце. Пекарата Лихнида од Охрид дава без пари леб и пецива. Хуманитарна помош за тие што не можат да си купат“, коментира еден охриѓанец.

Total
0
Shares
Поврзани објави