И денеска троцифрена бројка на новозаразени од ковид-19

По вчерашниот рекорден број на новозаразени од ковид-19 и денеска во земјава има повторно троцифрен број на заразени.
Нови 182 случаи се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 1.348 тестирања.
Најмногу заразени има во Скопје, каде бројот изнесува 107 лица.
Починале шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 33 оздравени пациенти.
Досега се регистрирани 4.664 ковид дијагностицирани, оздравени има 1.836 пациенти, починати 216,а бројот на активни случаи изнесува 2.612 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави