Попладнево заврши распитот на Игор Југ во Обвинителството. Дознаваме дека давал исказ пред обвинител и тврдел дека не е виновен. Пред обвинителот тврдел дека во Собранието не носел оружје иако на снимките се гледа дека чудно ја држи раката зад грб. Југ во исказот кажал дека ниту удрил некого ниту бил да тепа. Во Собрание помагав и им давав вода, кажал Југ пред обвинителот.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.
Поврзани објави
Бугарија нема да ја одобри сегашната преговарачката рамка
Министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека Бугарија нема намера да ја блокираме Северна Македонија на патот…
Занаетчиите бараат итна помош, транспортерите очекуваат уште поголеми загуби
Занаетчиите бараат Владата да најде начин финснсиски да им помогне и ним, бидејќи во спротивно ќе бидат принудени…
Во Израел прв смртен случај на заразен со омикрон
Во Израел е регистриран првиот смртен случај од инфекција со новиот вид на коронавирусот, омикрон. Според Медицинскиот центар „Сорока“…
Фото: Возачи во Цементара чекаат на шалтер во гужва без контрола
До порталот Досие возачи кои чекаат налог за пат испратија фотографија на која се гледа дека нема никаков…