Инспекцијата го затвори локалот во Бисер поради организирање журка

Пазарниот инспекторат веќе изготви репение со кое 30 дена му се забранува работата на локалот во ТЦ „Бисер“, каде што до доцна во ноќта, голем број млади се забавуваа, не почитувајќи ги протоколите  за заштита од корона вирусот.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски изјавил дека синоќа по полноќ добил повик од совесни граѓани за забавата, по што веднаш биле испратени инспекторите.

-Пазарниот инспекторат утврди повеќе прекршувања од страна на правното лице. Значи инспекторите утврдија дека локалот е нерегистриран даночен обврзник, бидејќи откако почна кризата со корона виорусот во земјава, одлучил да  не работи и практично сега се уште е нерегистриран. За овој прекршок казната е 30 дена затворање на локалот. Поради тоа што е прекршено и работното време, односно кафулето не смее да работи по полноќ во текот на работните денови, ќе следува прекршочна пријава, а за непочитување на протоколите за заштита од вирусот, Пазарниот инспекторат го информираше Министерството за внатрешни работи, истакна Пауновски.

Тој истовремено нагласи дека Инспекторатот е крајно благодарен на граѓаните кои пријавуваат вакви случаи.

Инаку на видеото кое ги вжешти социјалните мрежи се гледа забава во полн ек, а дел од коментарите се дека кога нема училиште, децата во кафулија се без контрола, 

На видето се гледа дека младите се групираат, се забавуваат, дел од нив се гушкаат. Никој не носи маска, никаква заштита.

Total
0
Shares
Поврзани објави