Визер ќе укине 50 авио летови од балканскиот регион

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ планира привремено да укине 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија, пишува специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“.

Најголем летови ќе се укинат од скопскиот аеродром, а потоа следат леталиштата во Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

За зимскиот ред на летање предвидено е привремено укинување на летовите од Охрид за Виена, од Меминген за Подгорица и од Столкхолм за Скопје.

Во процес на повторно воспоставување се летовите Скопје-Турку, Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Белград-Баден Баден и Белград-Ларнака, кои би почнале да сообраќаат кон крајот на овој месец.

На 10 неомври се враќа летот од Охрид за Базел, додека на почетокот на декември би се вратиле летовите за Виена, Дортмунд, Малме и Лондон.

За крајот на март се оставени за воспоставување авио линиите од Скопје за Салцбург, Ларнака, Бремен, Хановер, Сандерфјорд, Барселона, Столкхолм и Ваксјо.

Total
0
Shares
Поврзани објави