Пановски: Вакцината треба да биде доброволлна и безплатна

Микробиологот Никола Пановски во интервју за Канал 5 вели дека вакцината против коронавирусот има за цел да создаде колективен имунитет.

„Сметаат дека побрзо ќе се добие колективниот имунитет, а има некои болести дај боже и оваа да е таква како тетанусот каде што вакцината побрзо штити отколку да ја прележите природно таа болест.Според мои пресметки со вакцина би се скратило за година и пол траењето на болеста. Таа и ќе трае понатаму но нема да има епидемиски размери“, вели Пановски.

Тој смета дека вакцината треба да биде доброволна и бесплатна, а опфатот на вакцинација ќе биде поголем отколку да биде задолжителна.

„Вакцината прво да се даде на ризичните групи, здравствените работници, хроничните болни и повозрасните, по мене за децата не е потребна, рече доктор Пановски.

Спопред него, наставата во училиште треба да биде и за шесто одделение и за прва година средно на отворено во училиштата со цел да се запознаат со новата средина.

„Школската година треба да почне на први септември, но изгледа нема да почне, во некои земји почна и порано бидејќи сведоци сме дека некои деца седат во училишните дворови, играат фудбал, си седат таму и се групираат, а за маски не станува збор бидејќи децата и така се собираат, вели Пановски.
Тој смета дека ако сакаме да избегнеме страшен втор бран треба да се спречи собирање во затворен простор.

Според него, бројката на новоинфицирани се намалува вештачки поради тестирањето во приватните лаборатории за патувања надвор од земјата. „Најмногу радува намалувањето на бројката на смртни случаи“, вели Пановски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави