Инцидент кај хотел Александар Палас : Испукани куршуми, оштетени стакла, повредени нема

Изутринава околу 3 часот биле испукани неколку куршуми кон хотелот ,,Александар палас” во Скопје. Повредени нема, оштетени се неколку прозорци и фасадата, информира МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 3:20 часот изутрината. Во СВР Скопје било пријавено дека ,,непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на булевар 8 Септември во Скопје”.

Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави