Исчезна синот на Зоран Роџер, семејството бара помош!

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоки Роџер апелира до јавноста да му помогне да го најде својот син Давид. Како што појаснува за ,,Фокус”, Давид има 28 години, висок е 182 сантиметри, слаб, со смеѓа коса, облечен во црн капут. Исчезнал утринава, но бидејќи имал проблем за кој семејството не сака да открива детали, тврди е важно да биде пронајден што е можно побргу.

Случајот е пријавен во полиција, ги молам сите кои што имаат информација за син ми, да се јават на телефонските броеви 071 229 903 и 075 363 665. Давид исчезна во Скопје, јас сум моментално во Австралија – појаснува Илиев.

Во интервју за ,,Фокус” пред околу две години тој раскажа дека се преселил со сопругата и четирите деца во Австралија во 2016 година. На јавноста и е познат како човекот кој од својата куќа направи вистинско архитектонско и уметничко дело, инспирирано од сликарот Салвадор Дали. Тогаш раскажа дека се иселиле од земјава бидејќи системот не ги прифатил и како објектот се продава.


Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(ВИДЕО) Лила Филиповска за канцерот: Најтешката работа ми беше да му кажам на мојот син – кога ми ги кажаа резултатите, тој беше со мене и јас му реков „Сине канцер е ама ќе го средиме“

Каде е свеста на пациентите кои дозволуваат да бидат прегледани од радиолог? Ние имаме проблем со свеста кај…