Иселенеците од Германија барат од МНР полесно да земат пасоши во амбасадата

Македонските иселеници во Германија бараат од Министерството за надворешни работи да ги подобри услугите во нашите дипломатски претставнишва во таа земја. Тие се жалат дека бројот на доселеници расте секоја година, а начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва остана ист.

„Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија. Два галвни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се
постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации, стои во писмената иницијатива на групата Македонци кои што се со престој во Германија.

Според нив, да се поднесе и добие македонски пасош во амбасада е скоро невозможно бидејќи е поврзано со долга и нејасна постапка.

„Сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување. Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски. Понатаму, достапноста на информации е на едно поразително ниво“, истакнуваат тие.

Освен тоа, тешко било да се добие било каква информација, затоа што веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници.

Тие предлагат неколку мерки кои ќе ги подобрат услугите, како што е нудење постојани информации, формирање на дежурен центар, кој ќе работи секој ден.

Total
0
Shares
Поврзани објави