Јанкулоска со лисици на рацете донесена на судење за прислушувањето

Поранешната министерка за внатрепни работи Гордана Јанкуловска, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со лисици на рацете беше донесена на судењето од „Идризово“ каде од завчера ја издржува затворската казна за „Тенк“.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани околу 20 сведоци, меѓу кои Мери Јордановска Чанчаревиќ, Игор Ивановски, Гоце Трпковски, Зоре Темелковски, Владимир Пивоваров и други.

На претходното рочиште свои искази дадоа повеќе сведоци, меѓу кои политичари и новинари кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на прислушување.

За нелегално прислушување обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Total
0
Shares
Поврзани објави