Јанкулоска и Димовски се повикуваат на помилувањето од Иванов, не смеело да им се суди

Поради помилувањето од претседателот Ѓорге Иванов истрагата за случајот Титаник мораше да запре, а не да почне судска постапка, вака настапи адвокатот на Гордана Јанкулоска и Илија Димовски за случајот Титаник. Тој одби да даде воведен говор повикувајки се на одлуката на грчкиот суд кој одлучи да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски токму поради ова помилување. Грчкиот суд според адвокатот Петар василев, донел одлука откако претходно побарал мислење од од Институтот за меѓунардоно право, од каде посочиле дека еднаш даденото помилување не може да се повлече, па затоа помилувањето е во правна сила. Пред неколку дена за телевизија АлсатМ адвокат од Скопје кој беше порани и обвинител и во Советот на јавни обвинители сега тврди дека оваа одлука на претседателот Иванов произвела правна сила и дека постои опасност меѓународен суд да ги прогласи за нерегуларни тековните судења на предметите на СЈО.
„Помилувањето беше направено од претседателот на државата и потоа се повлече, но за момент тој создаде правни ефекти. Имајќи предвид дека ова е унилатерален чин на претседателот на државата загарантиран со Уставот, постои страв и сомневање дека овие предмети по завршувањето на првиот степен, вториот степен или вонредни правни средства пред Врховниот суд , постои можност Европскиот суд за човекови права и слободи да донесе одлука, бидејќи овие еднаш биле помилувани, можно е тоа да ги прогласи неважечки овие пресуди и од обвинети да ни се појават како оштетени“, изјави Миралем Асани – адвокат за телевизија АлсатМ.

фото : МИА

Total
0
Shares
Поврзани објави