Кацарска одби да им суди на организаторите на крвавиот четврток

Според АКМИС системот за распределба на предмети во Кривичниот суд предметот за организаторите на крвавиот четврток за оценување на обвинителниот акт се паднал кај судијата Добрила Кацарска. Но таа нема да постапува по предметот бидејќи со претходната судска постапка веќе има изградено став околу настаните од 27 април и побарала да биде изземена. Тоа е и сторено по што предметот се паднал кај судијата Горан Бошевски. Со оглед дека доколку го оценува обвинението нема право  да суди се стеснува кругот на судии кои ќе им судоат на високи поранешни функционери од кои еден е и Трајко Вељановски поранешниот спикер во Собрание. Повеќето се во куќен притвор или пак со посебни мерки додека Никола Груевки и Никола Бошкоски нема да бидат опфатени со обвинение бидејќи се во бегство.

Судијата Кацарска за крвавиот четврток изрече долгогодишни затворски казни и една ослободителна пресуда. Кон крајот на судскиот процес власта донесе политичка одлука за амнестија на дел од учесниците и така пратеници и неколкумина учесници дирекно одговорни за настаните не одговараа. Тие сега бараат и пари за адвокатските услуги а не е исклучено да бараат и отштети за деновите минати во притвор.

Според поднесоците до судот тие бараат милионски суми за адвокатски тошоци но најверојатно судијата Кацарска ќе им ги одбие.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави