Ќе скокнат цените на становите

Ќе поскапат становите. Се очекува еден квадрат новоградба во центарот на Скопје да ја надмине границата од 2.000 евра. 

Поради пандемијата ќе поскапат и цените на недвижниот имот. Градежниците објаснуваат дека цените на градежните материјали се поскапени дури до 80 отсто, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници.

„Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. / Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини./ Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае.“ изјави Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК. 

Овој  сектор бара од Владата директни мерки за да може да го одржи континуитетот на работење. Последниот раст во производството е забележан на крајот на 2019 година од 8,9 отсто. Во Скопје и досега становите има највисоки цени во однос на другите градови. 

Извор: faktor.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште…
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…