Куќен притвор за дадитлката што кубела коса на близначиња

Уловена на безбедносни камери сокриени во домот, како психо-физички малтретира тригодишни деца. Уште една дадилка од Скопје е осомничена за Запуштање и малтретирање деца, а ја открила и пријавила мајката која ја ангажирала.

Обвинителството бараше 55 годишната жена да биде притворена во Шутка поради опасност од бегство, влијание кај сведоци и ризик од повторување на делото, а Кривичниот суд и определи куќен притвор од 30 дена.

„Ценејќи ги фактите и доказите судија на претходна постапка определи куќен притвор од 30 дена, на која странките имаат право на жалба.“ – велат за тв24 од Кривичниот суд.

Според обвинителството, дадилката е снимена во текот на месецов, како вербално ги напаѓа, навредува, но и физички ги удира и куби за коса двете близначиња. Ова е втор ваков случај во период од две недели. Претходно, јавноста ја згрози снимката од дадилката во игротека во кафулето Дежа Ву, која физички малтретираше двегодишно дете, а која веќе е во притвор.

Министерката за труд и социјала Мила Царовска денеска не сакаше да ги коментира случаите и да одговори дали дадилките имале соодветни лиценци, бидејќи вели не сака да се меша во работата на органите на прогонот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Обвинение за браќа од Битола: Убедувале деца до 14 години да им праќаат интимни клипови, пронајдени над 8.000 содржини детска порнографија

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51…