Масовно дупење на гуми на автомобили кај Стара болница

Вандали ноќеска се изживувале врз паркираните автомобили на паркингот зад зградата Пелагонска два,  Стара болница. Натрапниците масовно ги издупиле сите гуми на паркираните возила и нанеле штети врз автомобилите. Инцидентот ги вџашил станарите кои своите автомобили ги оставаат пред влезовите на нивните згради по што веднаш пријавиле во полиција. Во овој дел на градот, иако  е во  строгиот центар на Битола, паркиралиштата се уште не се влезени под надлежност на ЈП „Паркинзи“ па станарите често се жалат на  гужви и хаос во паркирањето, но овој вандалски чин ги запрепасти сите.

текстот е сопственост на Apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски бара оставка од Димитров

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, најави интерпелација за вицепремиерот за…