Маж со тешки изгореници во пожар во Тетово

Маж со изгореници од четврти степен е пренесен во Скопје по екплозија на плинска боца во зграда во Тетово. Уште единаесет други луѓе од зградата се на лекување поради вдишување чад.

Пожарот се случи утринава. Станарите слушнале силна експлозија и виделе дека маж гори. Интервенирале десет пожарникари и успеале човекот да го спасат и со Итна помош да биде донесен како итен случај во Скопје. Пожарот е локализиран и се расчитува теренот за да може да работи увидна екипа и да утврди од што настанал пожарот кој ги вознемири тетовци. Во пожарот повредени се 6 жени и четворица мажи.

фото: тетовоинфо.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави