Младиот познат виолинист од Србија се бори за живот по сообраќајката утрово

Младиот виолинист Јован Васиќ Пироманац (15) е во животна опасност по сообраќајната несреќа која се случила утрово а во која тој се здоби со тешки телесни повреди. Момчето од силината на ударот излетало низ прозорецот на автомобилот и, според очевидци, прелетало 20 метри низ воздухот.

Како што се испостави, момчето утрово отишло на музички перформанс со неговиот татко во Хрватска, кога се случила несреќа на патот.

Во несреќата бил повреден и неговиот татко, кој како што е неофицијално познато, претрпел сериозни повреди на ‘рбетот.

На Клиничкиот центар на Србија, лекарите прават се за да го спасат овој млад живот и се надеваат дека Јоца, со оглед на неговата возраст, ќе ја надмине најтешката животна криза, иако животот му е загрозен.

Јован Јоца Васиќ е еден од најдобрите млади виолинисти, победник во категорија јуниори на првиот Сабор на српските виолинисти во Прањани (2019).

Фото: kurir.rs

Total
0
Shares
Поврзани објави