Подгответе се за невреме дожд и грмежи

Денес ќе се задржи натпросечно топло со засилен јужен ветер, а попладне на истокот ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во среда попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од среда ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

Среда
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 32°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.

Четврток
Минимална температура: 11°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Петок
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Повремено и претежно во планинските региони облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд.

Total
0
Shares
Поврзани објави