Мерко: Радожда е постаро од УНЕСКО, не знам што запнале за две-три платформи

  • Радождани во Радожда се населени пред стотици години кога УНЕСКО не ни постоело, јас не знам што запнале за две-три платформи, рече струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во гостување во „Утрински брифинг“.

Тој тврди дека секогаш се почитувале плановите, особено обврските кога е во прашање заштитата на светското културно и природно наследство, а исто така додава дека не е добро да се избрка и да се жртвува едно население.

Да се исели, односно да се избрка, жртвува едно население, мислам дека се паушални напади и тоа не е добро ниту за нас како град, ниту за населеното место. Ги повикувам сите институции да не говорат паушално, туку да дојдат на лице место и да установат што е тоа што ја пореметува заштитата на природното и културното наследство. Ние не зборуваме за тоа дали сме против УНЕСКО. Град на УНЕСКО е Охрид, а целото крајбрежје на Охрид, од Свети Наум до Подмолје и целиот слив на сите села е во Охридското Езеро. Зошто не зборуваме за Љубаништа или за Свети Наум, таму има кафулиња и во самите извори, не само во езерото. Зошто не зборуваме за Трпејца, за Пештани или за Лагадин? Зошто не зборуваме за Охрид кога цел ред узурпира тротоари и зеленила? Јас не знам што се запнале за две-три платформи. Нека дојдат, ќе зборуваме, но никако паушално, вели Мерко.

извор: Утрински брифинг

Total
0
Shares
Поврзани објави