Индискиот сој на Ковид детектиран во приватна болница во Скопје

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Total
0
Shares
Поврзани објави