МВР од денес со меѓународна потерница по осуденикот кој сакаше да го убие Села

Министерството за внатрешни работи, денеска распиша меѓународна потерница за Никоја Војминовски, главниот осомничен за нападот на претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Војминовски во текот на вчерашниот ден исчезнал, и се претпоставува дека избегал од државата. Нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата од 13 години затвор на која беше осуден поради нападот на Села.

Војминовски беше еден од сведоците за настаните од 27 април во Собранието.

Total
0
Shares
Поврзани објави