На Мијалков му се носи храна во соба , изолиран од безбедносни причини

Мијалков вечерта кога беше уапсен бил сместен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден бил преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови.

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, на независен весник вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.

„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.

Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.

извадок од текст на Независен.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави