Премиерот Зоран Заев смета дека кога ќе се одлучува за отворање на границите во регионот без ПЦР тестови, прво треба да се води сметка за здравјето на луѓето, а потоа на економијата.
-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето“, вели Заев.
Тој ја разбира и загриженоста на економските ресори во владата дека поради затворените граници страда економијата.
Според него, во регионот се води отворена и аргуменитрана дебата за или против отворање на границите.
-Министерот за здравство ќе ги доврши своите консултации со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е конечно таа што ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без ПЦР тестови или со ПЦР тестови, реќе Заев.